Почетна / Телевизија / Бомба-брашно за Ким!

Бомба-брашно за Ким!

 Се чинеше дека во тек е само уште едно обично позирање на црвениот тепих, се додека кон ѕвездата на вечерта не се затрча анонимната жена носејќи во рака вреќа полна со брашно која ја “пукна” од главата на шокираната старлета.

 

Имено, 30-годишната ѕвезда од телевизиските шоуа, Ким Кардашиан, беше и повеќе од шокирана додека се обидуваше да свати што всушност се случи и зошто се случи. Ким во Лос Анџелес го промовираше својот нов парфем True Reflection кога една непозната жена се издвои од собраната публика, се доближи до неа и ја “бомбардираше” со вреќа бело брашно погодувајќи ја точно во главата, а белиот прав се истури низ целото нејзино тело.

Непознатата напаѓачка уште во истиот момент се обиде да побегне од местото на злосторот, но обезбедувањето ја задржа се до пристигнувањето на полицијата која ја приведе. На сцената беа повикани и противпожарникари за да утврдат дека не се работи за опасна супстанца.

 

По незгодата, Ким влезе во приватната соба за да ја исчисти правта од себе, за тоа време се чистеше и црвениот тепих, бидејќи ѕвездата не сакаше да дозволи овој немил настан да ја уништи нејзината промоција. Со голема насмевка на себе, кога таа повторно се појави на истото место, за новинарите изјави:
– Ова е веројатно најлудата, најнеочекуваната и најчудната работа која некогаш ми се случила.

Тужба против непознатата напаѓачка нема да има.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!