Почетна / Забава / Џенифер Лопез полугола во новиот спот

Џенифер Лопез полугола во новиот спот

Џенифер Лопез сними нова песна заедно со Висин и Јандел. Песната се вика Follow the Leader, а за неа беше снимен и спот кој ги вжешти и онака топлите денови. Имено, на почетокот од своето видео таа се појавува полугола. Горниот дел од нејзиното тело го покриваат само лажните тетоважи.

 

 

Како режисер на музичкиот спот што е снимен во Мексико се потпиша нејзиниот 24-годишен дечко Каспер Смарт. Покрај тоа, тој ќе биде одговорен и за турнејата на Џенифер Лопез на која таа ќе оди заедно со Енрике Иглесијас. Потсетуваме дека во претходниот спот оваа пејачка заедно со своето момче разменуваше нежности пред камерите.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …