Почетна / Филм / Љубоморниот Роберт

Љубоморниот Роберт

Роберт Патинсон се жали на нешто што тој самиот не може да го ужива. Протагонистот од сагата “Самрак” го критикува својот колега Тејлор Лаутер како и останатите згодни актери што снимаат филмови со малку облека на нив.

 

 

“Изгледа дека сега актерите треба да се шетаат со сосема малку облека на нив, како Тејлор. Мислам дека тоа е тотална глупост”, изјави популарниот актер за магазинот Reveal.

“Ја гледам сцената каде што тој чекори со разголеното тело и си велам: Сериозно? Интерпретираш најнормално момче. Нема смисол. Изгледа дека денес телото е пресудно за да те класифицираат како добар актер”, додаде Патинсон.

Актерот е свесен дека доколку би го споредил своето тело со она на Тејлор, споредбата би била излишна. Со неговата љубоморна и непотребна постапка сакаше одоколу да истакне дека вистинскиот актер во случајот е самиот тој, а не оној што изгледа поубаво од него. На крајот додаде и призна: “Јас лично, би требало да направам голема промена на мојот стил на живот ако сакам да снимам сцени без кошула на себе”.

 

 

 

 

 

Ivana T. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпионски трилери и ретро СФ на Телма во филмските термини

сабота (23 мај 2020), 22.15 часот – “Todos lo saben” (2018) Шпански психолошки трилер на …

error: Содржината е заштитена!