Почетна / Филм / Југословенскиот воен филм „Саша“ (1962) вечерва на Алфа

Југословенскиот воен филм „Саша“ (1962) вечерва на Алфа

29 јули, недела – ју филм на Алфа телевизија

 

“Саша” е југословенски воен филм од 1962 година во режија на Раденко Стојиќ и по сценарио на Властимир Радовановиќ. Филмот доживува добар успех и покрај фактот што дебитанти учествуваа и во режијата, и во сценариото, а и во самата глумачка постава.

Дејството на филмот се одигрува за време на Втората светска војна. Германците и нивните соработници тероризираат една окупирана област, но скоро секоја ноќ, еден од нив е убиен од непознат сторител. На секој убиен се наоѓа реден број и потпис “Саша”. Германците убиваат еден скриен партизан, верувајќи дека на тој начин ќе го елиминираат “Саша”, меѓутоа таинствените убиства на непријателските војници продолжуваат. Кој се крие зад тие убиства и дали една младинска организација се крие зад тој псевдоним со цел да извршат одмазднички активности?

Улогите ги толкуваат Душица Жегарац, Предраг Ѓерамилац, Беким Фехмију и Раде Марковиќ, а приказната за Саша ја следите на Алфа во недела (29 јули) во 19 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Погледнете го документарецот „Медена земја“ во кино салите

Погледнете го најнаградуваниот македонски документарец „Медена земја“ (Honeyland) во 20 часот во кино Милениум. Последната …