Почетна / МК Сцена / Ја помните ли Еми од Идол? Слушнете ја новата песна

Ја помните ли Еми од Идол? Слушнете ја новата песна

Македонската музичка сцена од неодамна е надополнета со уште еден женски вокал кој своите квалитети ги истакна во реалното музичко шоу „Идол’ и ги освои симпатиите на публиката. Младата Емилија Ѓорѓевска од Тетово беше една од финалистките на македонскиот „Идол“, а одличните изведби на македонските и странските хитови беа нејзин прв чекор на нашата сцена. Следното скалило на Еми беше снимање на нејзината прва песна насловена „Луда“ која таа неодамна ја промовираше заедно со видео запис.

– Иако помина повеќе од една година откако заврши македонскиот Идол, сметав дека сега е вистинско време да се посветам на музиката и токму затоа го издадов мојот прв сингл. Песната е во поп-панк стил кој мене многу ми се допаѓа, а самиот видео запис го отсликува забавниот ритам на „Луда“ – изјавува Еми.

Музиката, текстот и аранжманот за првата песна на Еми ги направи Милан Миланов- Коса, а спотот го работеше Драги Неделчевски.

Ивана Таневска | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Новогодишна преработка на „Во коси да ти спијам“ од Тоше

Новогодишна преработка на легендарниот хит на Тоше Проески – “Во коси да ти спијам”. Во …