Почетна / Телевизија / Евровизија / Ѕвездата од „Премиерка“ водител на „Евровизија“

Ѕвездата од „Премиерка“ водител на „Евровизија“

 

Данската Национална Телевизија објави кои нивни актуелни ликови ќе бидат водители на најпопуларниот музички фестивал на светот „Евровизија“.

 

 

Домаќини на шоуто ќе бидат Лисе Роне, Николај Копел и Јохан Филип Асбик. Овие имиња можеби не значат ништо за вас, но кога ќе ви кажеме дека едниот од нив е ѕвезда од серијата „Премиерка“ која се емитува на Сител, тогаш сигурно веќе знаете за кого станува збор.

 

 

Јохан Филип Асбик го толкува ликот на Каспер во оваа серија и е особено популарен кај женските гледачи поради својот атрактивен изглед.  Евровизија 2014 ќе се одржи на 6-ти, 8-ми и 10-ти мај во Копенхаген, Данска.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали Македонија нема да учествува на Евровизија 2018?

  Интересно е зошто МРТ одлучи да учествува на годинешната детска Евровизија во ноември и …