Почетна / Серии / Шехерезад и Езел пристигнаа во Македонија

Шехерезад и Езел пристигнаа во Македонија

 

„КАРАДАЈ“
хитот на годината ексклузивно на Сител телевизија

 

 

„Карадај“ е нова турска трилер серија, продуцирана од истата екипа на „Езел“ и е една од најгледаните во Турција за 2013. година. Во главните улоги настапуваат Берѓузар Корел и Кенан Имирзалиоглу, познати како Шехерезад и Езел. Серијата наскоро ќе се емитува на Сител телевизија.

 

 

Дејството започнува во 1973. година во Истанбул. 35 годишниот Mахир живее среќен живот со своите родители, братот и двете сестри. Верен е со Ајтен, девојка од соседството со која се знае уште од мали нозе. Работи со својот татко така што изработуваат и продаваат кондури. Но еден ден се менува целата среќна судбина на семејството Кара.

 

 

Неговиот татко Назиф е обвинет и приведен за убиство на познат судија и треба да му се изрече смртна пресуда. Сведокот вели дека го видел Назиф како го убива судијата, но Махир не може да верува во тоа.

 

 

Махир верува дека неговиот татко е невин и од тогаш започнува неговата потрага по докази и борба за правда во турскиот судски систем. За да успее во тоа, Махир го менува идентитетот и влегува во судот како млад приправник со ново име Салих. Никој не се сомнева дека тој е всушност синот на обвинетиот.

 

 

Во судот, тој се запознава со судијката Фериде која го води случајот на неговиот татко. Махир, односно сега Салих постојано ќе се обидува да најде докази со кои ќе ја убеди Фериде дека Назиф Кара е невин. Истовремено тој се зближува со Фериде и започнува нивната љубовна врска. Целта на Махир е да го најде вистинскиот убиец на судијата и да го спаси татко му од смртна казна, но постојано ќе запаѓа во замки поставени од другите моќни луѓе кои не сакаат да се открие вистината.

 

Улоги: Kenan İmirzalıoğlu, Bergüzar Korel, Çetin Tekindor, Yurdaer Okur, Erkan Avcı, Melike Yalova и други.

 

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Светскиот хит „Breaking bad“ стартува оваа есен на МТВ 1

Оваа есен, Македонската телевизија на својата програма ни ја носи една од најпознатите американски серии …