Почетна / Вебновела / Црвена месечина 101

Црвена месечина 101

 

 

Сто и прво продолжение од вебновелата “Црвена месечина”

 

 

Матилде не можеше да поверува во приказната која и ја раскажа нејзината мајка, кога се врати назад во Сан Кристобал.
– Значи Алехандро е син на твојата пријателка Рут?
– Така е, – потври Висента, посегнувајки по фотографијата на Рут во плакарот.
– И знаеше цело ова време?
– Се сомневав, откако ти ми кажа дека Алехандро има иста фотогафија како оваа. Веднаш поврзав со името, возраста и коцките се склопија. Го познавав Алехандро како дете. Беше палаво ѓаволче кое трчаше по хациендата со Родриго, неговиот татко.
– И зошто заминале од Ла Луна?
– Родриго почина од срцев удар и Рут го одведе Алехандро во Гвадалахара.
– И како починала твојата пријателка, мамо?
– Беше несреќен случај, – одговори Висента со грутка во грлото. – Рут почина толку млада…
– И што се случи со Алехандро кога останал сирак, без родители?
– Сестрата и зетот на Рут, го земаа под старателство. Од таму и презимето Молина.
– Кој би рекол дека човекот кој го презираше и на кој не му дозволи да остане во пансионот е син на твојата најдобра пријателка?
– Нека ми прости Рут што така постапив со него. Само не ми е јасно како успеал така лесно да докаже дека е невин? Утре се враќа во Сан Кристобал.

Магнолија го извести Фабијан дека Марија Клара е бремена, а таквата новост му пана многу потешко одошто очекуваше.
– Значи очекува дете?
– Да, ја слушнав кога зборуваше со тетка, – потврди Магнолија.
– Немој да и кажеш дека знам.
– Зошто?
– Да не помислат дека преслушкуваш низ куќата, – одговори тивко и се заклучи во својата просторија.
Му требаше нешто жестоко по ваквото сознание и посегна по шишето со виски. Наполни една чаша и повлече поголема голтка. Жестокиот пијалок му го затопли сувото грло. Со силна тупаница удри по работната маса.
– Не можам да поверувам дека чека дете од друг! Боже, се оженив со курва! Освен тоа и ретардирана!
Слушна дека некој тропа на вратата и појде да отклучи. Пред него стоеше Марија Клара, со тој нежен поглед кој не би можел да повреди никого.
– Смеам да влезам?, – го праша.
– Да, влези, – одговори, оставајки и простор да влезе во просторијата.
– Сакав да те прашам дали е подготвена папирологијата за нашиот развод?
– Не е. Зошто си нервозна?
– Бидејки се плашам дека ќе се налутиш многу поради ова што ќе ти го кажам.
– Што е тоа што сакаш да ми го кажеш?
– Чекам дете…
Фабијан со двете раце ги притисна рачките на столот на кој седеше.
– Тоа не би требало да ме налути, напротив…
– Детето кое го чекам, не е твое…Туку на Алехандро.
Фабијан беше во состојба да ја искрши столицата на која седеше на половина. Сиот свој бес го манифестираше преку силата на својата тупаница.
– Зерм не те лути тоа?, – го праша Марија Клара.
– Колку време го носиш тоа дете?
– Седум недели. Утрово бев на лекар и ми потврди.
– И Алехандро знеа?
– Не. Ќе му кажам утре кога ќе се видиме. Тоа е се што сакав да знаеш, – додаде младата жена пред да ја напушти просторијата, збунета од мирната реакција на нејзиниот сопруг. Очекуваше скандал, расправија, повишен тон, дури и користење на сила…Но од него доби само молк и мирно помирување.
Кога остана сам, Фабијан посегна по кристалната чаша со виски и ја притисна толку јако што се скрши во неговата рака а малите парчиња стакло му ја проподеа кожата.

Марија Клара ја сподели својата среќа со Магнолија, известувајки ја дека Фабијан мирно ја прифатил веста за бременоста.
– И не ти рече ништо? Не ти ни префрли?
– Не, само сакаше да знае колку време сум бремена.
– Искрено не очекував таква реакција од негова страна. Зборувавте за разводот?
– Да, но сеуште ги нема документите,- одговори Марија Клара.
– И зошто си толку сигурна дека Алехандро е таткото на детето кое го носиш?
– Бидејки долго време немам спиено со Фабијан.
– И мислиш дека Алехандро ќе го израдува новоста?
– Зошто да не? Сите мажи се среќни при сознанието дека ќе бидат родители.
– Добро, таквите идеи сигурно ти се вметнати во глава од книгите кои ги читаш. Но животот е многу посуров од тие описи, Марија Клара. Има мажи кои не сакаат да ја прифатат одговорноста кога нивната девојка останува бремена. Или едноставно има мажи кои не сакаат деца.
– Алехандро не е таков.
– И од каде знаеш ти каков е? Зошто мислиш дека го познаваш добро? Јас поминав десет години со еден човек и не ми беше доволно да го запознаам добро. Зошто мислиш дека за овие неколку месеци ти го научи Алехандро?

По разговорот со Марија Клара, Фабијан ја посети Естер.
– Марија Клара е бремена, – ја извести при влегувањето во куќата.
– Навистина?
– Утрово и потврдил лекарот. Вели дека е од Молина. Но, јас не сум толку сигурен. Ќе го одолговлекувам разводот додека не се роди тоа дете. Тогаш ќе може да направиме тест за татковство. Во случај да е дете на Молина, ќе ја обвинам за прељубништво. Никогаш нема да и дозволам да се омажи за него.
– И зошто би го сторил тоа? Мислев дека веќе се реши да и дадеш развод.
– Морам да ја искористам ситуацијата, Естер. Никогаш нема да и дозволам да биде среќна.
– И што ако Молина не сака да ја земе за жена?
– Зошто мислиш така?
– Можеби и не ја сака така како што мислиме. Можеби бракот не е дел од неговите планови.
– Мислиш дека несреќникот ја завел поради нешто друго? Поради одмазда? За богатството?
– Ја завел бидејки е идентична како неговата мртва жена, – одговори Естер. – Размисли Фабијан. Ја убиваат неговата сакана сопруга, доаѓа на хациендата и дознава дека постои нејзина сестра близначка, идентична…
– Што точно знаеш за тој човек, Естер?
– Не многу…Но имам намера да дознаам се.

Кога Дијана се врати во Сан Кристобал, веднаш го посети својот пријател Карлос во неговиот апартман во хотелот Реал дел Монте.
– Дијана, колку се радувам што повторно те гледам.
– Здраво, Карлос, – го поздрави низ прегратка.
– Што има ново?
– Алехандро е прогласен за невин. Нема докази против него.
– Како е возможно?
– Во кривичниот суд на островот Лос Рејес, нема никаков запис дека Алехандро е замешан во убиство.

Алехандро слезе од својот автомобил, онаму каде што беше договорен да се сретне со Марија Клара. На местото каде што високиот водопад се спојуваше со реката, помеѓу бескрајните полиња лежеше Марија Клара, опколена со диви цветови, како ангел. Очите и беа затворени и размислуваше за идилата која ја очекува покрај нејзиниот нов сопруг и нивното дете. Кога тој ја здогледа, му затрепери срцето што ја гледа по долго време. Делуваше спокојно и преубаво, таму легната на тревата, опколена со цветови. Легна покрај неа и своите усни ги спушти врз нејзините. Таа го препозна неговиот мирис и ги отвори очите. Молчеа некое време и само се гледаа во очи. Молкот меѓу нив кажуваше илјада зборови. Тој со своите раце ја милуваше по лицето. Косата на Марија Клара беше мокра од водата во реката. Тој ги слече прерамките на нејзиното памучно фустанче, љубејки ја страсно. Таа ја вкуси мекоста на неговиот јазик кога ги отвори своите сензуални усни. Своите раце ги стави околу неговиот врат, додека тој полека навлегуваше во неа. Таа испушти нем крик на задоволство. Тој го шепотеше нејзиното име на нејзиното уво. Во следниот миг, таа го презеде водството. Нивните тела се превртеа како две силуети, младат ажена се поткрена одозгора, додека тој ја привлекуваше кон своето торзо. Ветрот дуваше силно, додека сонцето заоѓаше зад хоризонтот а на црвеното небо се раѓаше млада месечина. Се подготвуваше бура…

Кога Артемио се врати од своето патување, пријде до рецепционерот во хотелот и праша за Естер.
– Не, госпоѓица Естер не е тука. Ја немам видено со денови.
– Имам пошта?
– Веднаш, – одговори Бенигно. Во меѓувеме до Артемио пријде една млада жена.
– Како сте дон Артемио?, – го поздрави, но неговиот зачуден поглед и говореше дека не се сеќава на неа. – Јас сум Аурора Ависија, – додаде подавајки му ја раката. Беше онаа медицинска сестра која го негуваше Алехандро во градот.
– Искрено не се сеќавам. Извинете ме, – додаде Артемио, ја зеде подадената пошта и се упати кон лифтот.
– Го барам Бенигно Eскандон, – му се обрати на рецепционерот.
– Јас сум Бенигно.
– Јас сум Аурора Ависија.
– Претпоставувам дека ти си пријателката на мојата тетка Ирене?

По средбата кај водопадот,времето нагло се промени и започна да врне силен дожд, па Алехандро и Марија Клара се засолнија во колибата каде што продолжија со своите игри.
Ветрот дуваше се поислно а дождот паѓаше се повеќе. Една грмотевица направи да се затресат стаклата на прозорците, еден од капаците силно се отвори туркајки една ваза која се скрши на подот. Во далечинат авиеа волците, но на двајцата љубовници не им беше грижа ни за невремето, ниту за провевот, ниту за волците. Не им беше ништо важно освен опиеноста од љубовта која ја чуствуваа во тој момент. Таа грчевитО фаќаше со своите раце се што и беше на дофат, додека тој се посилно продираше во неа. Ја грабеше неговата коса, неговата кожа на грбот, ги гризеше неговите усни…Нејзиното срце биеше толку силно но не сакаше да запре.
Одеднаш почуствува како да го победила времето, дека не можеше да ја допре земјата, чуствуваше како да лебди во просторот, чуствуваше дека е вечна, бесмртна.

Продолжува…

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …