Почетна / Забава / Фото | Спречена несреќа при снимање спот во Маврово

Фото | Спречена несреќа при снимање спот во Маврово

 

Екипа од австралиската телевизија ИНТВ заглави во петокот во Маврово додека се снимаше спот за австралиска пејачка, еден од луѓето во тимот ќе настрадаше поради невремето.

 

 

Во петокот на неколку локации во Маврово се снимаше спот за фолк пејачката Зоре Мицевска која за спотот дојде дури од Австралија. Една од сцените за која инсистирала самата пејачка била сцената на снегот. Таа го одбрала Ски центарот па екипата целата опрема морала да ја пренесе во жичарата вклучувајки и 12-метарски кран иако имало големо невреме и виулици.

 

 

После снимањето на една од сцените дел од екипата се спуштила по жичара, а на скиачкиот терен останале само екипата и вработените, од екипата било побарано за потребите на снимањето да се запре зичарата додека еден член сеуште бил во неа и среде планина.

Тоа не го забележал никој па човекот еден час останал сам горе. Немајќи друг избор во паника скокнал од жичарата и буквално се затрупал во снегот, за по еден час останатите да го забележат па веднаш реагирале за да го извадат од снегот.

 

 

Зоре Мицевска е позната македонска пејачка за публиката во Австралија таа таму живее и работи има настапувано заедно со повеќе изведувачи од балканската сцена. Песната за новиот спот е насловена „Јас немам веќе солзи“ и е дело на познатиот композитор Артан Кастрати. За спотот беше задолжена екипа на ИНТВ. За шминка, стајлинг и флизура беше задолжен Арменд Рамадани, а покрај Мицевска во спотот се појавува и манекeнот Драган Стојчевски некогашен мистер на Македонија.

 

{gallery}012014/mavrovo-snimanje{/gallery}

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влезниците за концертот на Брајан Адамс пред распродавање!

Влезниците од категоријата ПАРТЕР за претстојниот концерт на Bryan Adams кој ќе се одржин1 13. …