Почетна / Серии / Теленовели / Фото | Жоржињо од новелата „Авенија Бразил“ во жешка фотосесија

Фото | Жоржињо од новелата „Авенија Бразил“ во жешка фотосесија

 

Запознајте го Жоржињо од новелата на ТВ 21

 

 

Каја Рејмонд е познат бразилски актер, кој македонските гледачи го запознаа по улогата во бразилската серија “Најмила”, каде го толкуваше Халеј, синот на Донатела.

 

 

Сега, го гледаме како бунтовниот Жоржињо во “Авенија Бразил”, најпродаваната бразилска теленовела на сите времиња. Серијата се емитува од понеделник до петок во 15 часот на ТВ 21, а Каја го глуми главниот машки протагонист, кој е растргнат меѓу љубовта кон слугинката Нина и лагите кои му ги сервира злобната мајка Кармиња.

 

 

Роден е 1980 година во Рио де Женеиро. На 17 годишна возраст започнува кариера на модел, благодарение на што извесно време поминува живеејќи во Милано и Париз, каде работи со дизајнери и стилисти како Gaultier и Ferré. Две години живее и во Њујорк, а напоредно учествува и на модни викенди во Бразил и едиторијали во Париз за Карл Лагерфелд.

 

 

Во Њујорк, работи како модел на фотографот Брус Вебер за брендот “Abercrombie & Fitch”.

 

 

Во Њујорк се запишува на курс за глума, а во слободно време се занимава со јога, сурфање и џиу џицу. Вежбајќи џиу џицу, станува еден од шампионите на оваа боречка вештина во Бразил.

 

 

Во 2007 година, се жени со актерката Граси Масафера, со која ја добива и ќеркичката Софија. Во 2013 година, овој селебрити бразилски пар се разделува.

 

 

Oваа година во јавноста излезе со нова љубов. Се работи за презентерка на забавна програма во Бразил, со која заедно помина еден одмор во Јужна Африка.

Деновиве снимаше за Doug Inglish за магазинот “Made in Brasil”, за што направи жешка фотосесија.

 

 

Актерската кариера ја започнува во 2002 година, глумејќи во познати бразилски новели. Поради атлетски граденото тело, Глобо го ангажира во улоги на заводници во нивните серии, па така добива едни од главните улоги во “Најмила”, “Белисима”, “Страсти” и “Завет на љубовта”. 

 

 

Најголемиот успех го достигнува со “Авенија Бразил”, која станува најуспешна бразилска новела во интернационални рамки. Во серијата глуми заедно со Дебора Фалавела и Мурило Бенисио, познати како Мел и Лукас од мегахитот “Клон”.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убавата селанка ќе добие „Подарено срце“ во новата серија на Сител

Нова кратка серија ќе се емитува на Сител телевизија во 21.45 часот, веднаш по “Бруско”. …