Почетна / Филм / Филмскиот хит „Тројка“ оваа сабота на Сител

Филмскиот хит „Тројка“ оваа сабота на Сител

 

Сител телевизија оваа сабота од својата филмска понуда ја издвојува комедијата „Тројка“. Се работи за љубовен тријаголник помеѓу една жена и двајца мажи. Главните улоги ги толкуваат Лара Флин Боил, Стивен Болдвин и Џош Чарлс.

 

 

Стјуарт и Еди се цимери во колеџот кадешто студираат. Тие двајца по грешка добиваат цимерка којашто на почетокот ги одбегнува поради нивното детинесто однесување, но набрзо ќе се вклопи во нивното друштво. Алекс е вљубена во Еди, таа прави се за да го привлече неговото внимание, но тоа не и оди од рака. Еди е геј и веќе некое време е вљубен во неговиот цимер Стјуарт. Тој, пак, има посебни чувства кон Алекс. Набрзо сите ќе ги откријат своите скриени сексуални желби и ќе одлучат љубовта да ја уживаат во тројка.

Еден од најпуларните филмови со смели сцени на сите времиња оваа сабота погледнете го на Сител телевизија со почеток во 21 часот.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува ретро киното на Алфа, погледнете што следува

Продолжуа летното кино на Алфа со ретро југословенски филмови. Во продолжение прочитајте кои филмови ќе …