Почетна / МК Сцена / Трајче ќе пее во дует со Гоца Тржан во недела на ,,Пиво Фест 2015‘‘

Трајче ќе пее во дует со Гоца Тржан во недела на ,,Пиво Фест 2015‘‘

 

Оливер Драгојевиќ, Гоца и Трајче, Ален, Дино Мерлин – на  Пиво фест

 

Додека во соседството се одржуваат Егзит и Ултра фестивал, во Македонија се одржува големиот прилепски Пиво фест кој секоја година успева да ги донесе најпопуларните и најголеми балкански музички ѕвезди.

 

 

На вчерашното отворање, главна ѕвезда на вечерта беше Саша Ковачевиќ кој освен свои, испеа и Ју рок песни и неколку песни од Тоше Проески. Денеска (петок) настапуваат Radio Aktiv, Zaa, ДНК и Прљаво казалиште, а за утрешната саботна треска задолжени се Наум Петрески, Неда Украден и Оливер Драгојевиќ.

 

 

Но, се очекува сепак најголемото лудило да биде во недела, на затворањето на фестивалот. Последната вечер од тринаесетото издание на фестивалот на скарата и пивото ја отвора гранд ѕвездата Ален Хасановиќ, по него следува Гоца Тржан со уште едно големо изненадување. Имено, судијката од “Пинк ѕвездички” на сцената во Прилеп нема да пее сама. На нејзина покана, доаѓа ѕвездичката Трајче Георгиев, кој на првата сезона од “Пинк ѕвездички” го освои второто место.

 

 

Покрај со огромна слава, од музичкото шоу тој се здоби и со повеќе награди, како што се: ваучер од 2 000 евра, за опремување на детска соба од „Форма идеале“, производи на „Пионир“ – 60 кгр, професионален безжичен микрофон, моболен „ајфон 6“, ваучер за престој во аквапарк „Аранџеловац“, како и во аквапаркот „Дизниленд“.

Своето школување ќе го продолжи во средното приватно училиште „Јахја Ќемал“, во Струмица, за што му е доделена стипендија од 10 000 евра. Освен тоа, Георгиев потпиша договор со Пинк телевизија која во наредниот период ќе се грижи за неговата кариера.

 

 

И по Хасановиќ, Гоца и Трајче, фестивалот го затвора Дино Мерлин кој околу 2 часа ќе ги разнежнува и забавува пристуните. Секоја вечер, по настапите на балканските ѕвезди, следува забава со ДиЏеи до раните утрински часови.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт на Funk Shui во културно-едукативниот центар Лабораториум

Funk Shui ја одбележаа 2023та со преку 20 концерти во Европа и на Балканот (Берлин, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!