Почетна / Сапуници / Сулејман Величествениот сурово си го уби синот

Сулејман Величествениот сурово си го уби синот

 

Во популарната турска серија „Величествениот“, која моментално ја следат гледачи од 43 држави ширум светот, смртта на принцот Мустафа е прикажана според историските факти. Еве што уште откривме читајќи ја историјата за султанот Сулејман. Предупредуваме дека во текстот што следува ќе наидете на споилери кои можат предвреме да ви ги откријат настаните во серијата.

Сулејман им наредил на стражарите да го убијат Мустафа пред неговите очи. Принцот Мустафа е роден како најстарото дете на султанот Сулејман и Махидевран-султан. Мустафа, бил наследник на престолот. Таа титула ја носел до својата смрт во 1553. година. Смртта на Мустафа најмногу ја посакувала Хурем-султан, поради големата желба еден од нејзините синови да стане султан, па затоа направила заговор против Мустафа.

 

 

Прво се ослободила од големиот пријател на Мустафа, Ибрахим-паша, а потоа својот зет Рустем-паша го довела на местото на големиот везир. Заедно со Рустем-паша, Хурем го убедила Сулејман дека Мустафа сака да го тргне него од тронот. Сулејман го повикал Мустафа за да го решат проблемот и несреќниот принц дошол. Според традицијата, со влегувањето во шаторот на султанот, Мустафа го предал своето оружје. Веднаш на влезот бил задавен од стражарите.

Неговата смрт ги предизвикала јаничарите кои за сето ова го обвиниле Рустем-паша. Се кренал и народот во Анадолија, поточно во Амасија, кадешто Мустафа бил омилен кај поданиците. Погребан е во Бурса заедно со својата мајка Махидевран, која умира во 1580. година, а во истата гробница се наоѓа и телото на неговиот син Мехмет којшто исто така е убиен за да не го предизвика бунтот од кој Сулејман се плашел. Месеци подоцна од тага умира и неговиот полубрат Џихангир. Мустафа останал запаметен како еден од најхуманите принцеви.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За фановите на „Млади бунтовници“ и „Ангели“, доаѓа нова хит серија

Со големо задоволство и носталгија се сеќавате на времето поминато со вашите незаборавни “Млади бунтовници”? …

error: Содржината е заштитена!