Почетна / Серии / Српската серија „Воена академија” од четврток започнува на Алфа

Српската серија „Воена академија” од четврток започнува на Алфа

 

 “Воена академија” во 22:20 часот на Алфа

 

Вечерва, гледачите на Алфа телевизија ќе ја проследат последната епизода од бугарската крими серија “Подземје”, а утре (вторник) и задутре (среда) во нејзиниот термин ќе биде прикажан српскиот филм “Зона замфирова”, неколку пати емитуван на други македонски телевизии. Од четврток, во тој термин, од 22:20 часот, започнува нова српска продукција, серијата “Воена академија”.

“Воена академија” е српска серија, од две сезони. Првата сезони заврши со снимање и прикажување на српската државна телевизија РТС во 2012 година, а оваа година беше снимена и емитувана и втората сезона. Серијата го прати животот и авантурите на група воени кадети по нивното примање на воената академија каде започнуваат со напорни тренинзи и студии, за еден ден да станат воени пилоти. Фокусот е на нивните лични и професионални судбини, од моментот кога дознаваат дека се примени на Академијата што за нив е најголема радост, до судирот со војничкиот живот и сите тешкотии што ги носи тој, па се’ до конечно воспоставување на рамнотежа во нивните животи.

 

 

Серијата беше снимена под покровителство на Министерството за одбрана на Србија, а долго време биле разгледувани кандидатите кои ќе ги превземат главните улоги на воени студенти. Сценаристите и режисерите поминувале долго време и зборувајќи со психолози, инструктори на Воената академија.

Дел од ликовите се:

1. Рис – тоа е главниот лик, дечкото кој на сите им служи како пример на академијата, оној кој знае како да излезе на крај со сите предизвици, но и оној кој знае некогаш да биде суров и груб поради тајната која се крие во неговото минато.

2. Клисура – весел и одличен студент. Иако е Ром, тој супер се снаоѓа со сите, и станува најдобар пријател на Рис. Татко му е перач на коли.

3. Стошиќ – иако поседува брилијантна интелигенција, тој знае на моменти да биде циничен и нехуман. Доаѓа од семејство на разведени родители, кои и не воделе грижа за него.

 

4. Џиковиќ – тој е студент кој не по своја волја, дошол на академијата. Сонува да го избркаат за да стане пчелар или шумар.

5. Лаки – тој е брат на најдобриот другар на Рис, кој е мртов. Поради тоа, Рис се поставува заштитнички кон Лаки, иако Лаки е полн со несамодоверба и неверба во себе и Академијата.

6. Зимче – една од девојките на академијата. Израснала со три сестри, па таткото сакал она да биде “машкото” и еден ден да стане воен пилот. За неа работите на Академијата тргнуваат на добро се’ до моментот кога несреќно ќе се заљуби.

7. Шашвари – девојка од идеална фамилија, весела и среќна, сите испити ги поминува како на шала.

8. Лела – бившата посесивна девојка на Рис која поради тоа што не може да го преболи раскинувањето, собира сила и учи за да го положи приемниот и да влезе на Академијата заедно со Рис.

Освен студентите, дел од ликовите се и наставниците, готвачката, капетаните,

Режијата е на Дејан Зечевиќ, а во главните улоги настапуваат Радован Вујовиќ, Бојан Периќ, Тијана Пецениќ, Иван Михајловиќ, Бранко Јанковиќ, Јелисавета Орасанин, Драгана Дабовиќ, Небојша Милановиќ и други.

Серијата започнува  на Алфа телевизија.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„2010-тите“ на МТВ 1, нов документарец во низата серијали за декадите

Американската серија „2010-тите“ е дел од документариот серијал „Децениите“, продуциран од Том Хенкс и Гери …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!