Почетна / МК Сцена / Слаткар со концерт во арената „Борис Трајковски“

Слаткар со концерт во арената „Борис Трајковски“

 

Иноватива груп и Јованов рекордс со задоволство Ви го најавува големиот концерт на Слаткаристика на 2ри ноември(петок) 2012 година, во 21:00 часот, во арената “Борис Трајковски”.  Концертот го носи насловот “Отварање” со повеќе причини.  Имено, “Отварање” кај младите е термин за добро помината вечер, Слаткаристика е Отворен дечко и артист, а исто тој ќе ја има честа да ја Отвори новоизградената акустична сала во Спортскиот Центар “Борис Трајковски”.

По промоцијата на неговиот втор, соло албум во мај оваа година насловен како “Новиот албум”, Слаткаристика го најави престојниот голем концерт под покровителство на Џабест.  Ова е негов втор голем концерт во Скопје, по успешниот прв во 2010тата година, во Метрополис арена.

На прес конференцијата со свое излагање се обратија: Слаткаристика, Георги Шарески, Ратко Капушевски (директор на С.Ц. Борис Трајковски), Јован Јованов (Јованов Рекордс) и Бобан Симоновски ( Иноватива Груп).

Оваа година по најавата на менаџментот од С.Ц.”Борис Трајковски” дека арената ќе добие акустика по светски стандарди, тимот на Слаткаристика одлучи концертот да биде поддржан со техника од Македонија, но и со дополнитело озвучување, осветлување и сценски реквизити од Нови Сад.  Слаткаристика со својот концерт ќе ја Отвори новоизолираната акустична сала на 2ри ноември.

Покрај сценариото кое ќе го надополни изгледот и звукот на концертот ќе учествуваат и специјални гости.  Концертот ќе го отворат групата Пеперминт и членовите на Токсикологија(Кацар, Сиги, Аце НЛ, Џоле и Желе), а на сцената заедно со Слаткаристика ќе настапат и Тони Зен, ДЈ Гоце(САФ), ДЈ Никифор, ДЈ Чваре, Георги Шарески(Џез артист) и други.

Концертот е со хуманитарен карактер.  Слаткаристика во соработка со С.Ц.”Борис Трајковски” одлучија дел од собраните средства од продажбата на картите да се донираат во манастирот св.Јован Бигорски, а исто веќе се отворени и линии 143-143 со кој повик се донираат 100денари(со вклучен ДДВ) за децата без родители од домот “11 Октомври”.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Бендот „RGB“ со нов видео спот за „Ти не си ти“

„Ти не си ти“ е најновата песна која момците од поп-рок бендот „RGB“ ја промовираат …