Почетна / Телевизија / Х Фактор / Славко Калезиќ: „Не ме допираат критиките“

Славко Калезиќ: „Не ме допираат критиките“

 

Славко Калезиќ, кого публиката најпрво го запозна како учесник на „Х Фактор“, сега стана главен водител на емисијата, но се соочи и со бурно негодување од фановите.

 

 

Иако премиерата на Славко како водител доживеа негативно осудување од страна на гледачите на емисијата на социјалните мрежи, него самодовербата не го напушта.

– „Јас сум пресреќен! Појавувањето на сцената на шоуто е остварување на еден од моите најголемите соништа. Со продукцијата оваа работа ја договорив уште пред еден месец“, рече новопечениот водител.

За критиките вели дека не му е грижа затоа што тие за него се потврда дека бил добар.

– „Сфатив дека на овие простори критиката, која може да биде позитивна и негативна, е добра работа. Во мојот случај застапена е онаа втората, но што можам да ви кажам…“

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …