Почетна / Телевизија / Серијалот ,,Големи џиновски мечеви‘‘ секоја среда на Дискавери

Серијалот ,,Големи џиновски мечеви‘‘ секоја среда на Дискавери

 

Големи мечеви кои ги посакуваат сите вљубеници во фантазијата

 

15 јули со почеток во 20 часот | ДИСКАВЕРИ канал

 


 

Мајк Кроугвел и неговата екипа, надалеку се познати по изработувањето на челични мечеви. Од ЈуТјуб сензација, станаа и главни ликови во ,,Големи, џиновски мечеви , серијал кој од 15 јули започнува да се емитува на Дискавери со почеток во 20 часот.

Живеат и работат во природа за полесно поврзување со неа. Вљубеници во фантазијата како жанр, а игрите со улоги им се омилено хоби. Од мали, луѓето ги сметале за  чудаци кои си го трошат животот на игри, но со својата креативност и вештини, успеаа да подигнат бизнис во кој уживаат и ги воодушевуваат луѓето со кои ја делат истата страст.

 


 

Овие необични ликови по нарачка изработуваат мечеви и големи челични оружја. Нарачки им стигнуваат од цел свет. Не постои нарачка која не може да се изработи и со тоа добиваат почит од луѓето кои ги следат.

Секоја нова епизода може да се проследи секоја среда во истиот термин.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Кабранов: Во Канал 5 примав 60.000 во плико на рака

Доскорешниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов во пост на Фејсбук обзнани дека додека работел во …

error: Содржината е заштитена!