Почетна / Телевизија / СДСМ: Да нема реклами на Собранискиот канал!

СДСМ: Да нема реклами на Собранискиот канал!

 

Финансискиот извештај на Македонската радио – телевизија за 2011-та година беше разгледуван денеска од народните избраници. Пратеникот на СДСМ, Јани Макрадули побара Собранискиот канал да не се употребува за реклами на Владата, и предложи тој да се користи за пренесување на дебатни емисии во кои би учествувале пратеници од различни партии. Слободан Чашуле од Управниот одбор на Македонската радио – телевизија, откри дека пред извесен период добиле препорака Советот на Собранискиот канал да ја преземе уредувачката политика, додека МРТВ само би давала техничка поддршка за пренос на програмата преку македонската радиодифузија.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ΜΡΤ во 2024-та со најдобар финансиски резултат во последните години

Во 2024 година вкупните приходи на МРТ биле значително повисоки отколку во претходните години, согласно …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!