Почетна / Забава / Саша Ковачевиќ со концерт во Експо Центар

Саша Ковачевиќ со концерт во Експо Центар

 

После одличниот концерт за денот на вљубените на најдобриот македонски поп бенд на сите времиња – Нокаут, Експо Центар ви најавува ново исклучително музичко доживување, овој пат со момчето кое ги плени сите женски срца на овие простори, Саша Ковачевиќ.

 

 

Оваа сабота, 22-ри Февруари, ќе биде денот на одржување на мега концертот на шармерот по кој лудува женската популација. Лапсус, Бежимо из града, Случајно, Идемо до мене, Још ти се надам, Могли смо све,  ќе бидат само дел од репертоарот на Саша во сабота во Експо Центар.

Концертот ќе започне на полноќ, а влезниците се веќе пуштени во претпродажба по суперпромотивна цена од 250 денари до четврток (20-ти февруари) во Југотон, Камарад Рамстор, Цвеќарница Розе Веро 2 , а во петок и сабота влезниците ќе чинат 300 денари. Не пропуштајте го ова ексклузивно музичко гостување на Саша Ковачевиќ во Експо Центар.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт со дела од Арво Перт во изведба на „Профундис“

Ансамблот и хор „Профундис“ под диригентство на Ѓурѓица Дашиќ вечер во Филхармонија ќе одржи концерт …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!