Почетна / Сапуници / Реприза на мексиканската теленовела „Украдена љубов“ на МТМ

Реприза на мексиканската теленовела „Украдена љубов“ на МТМ

 

Репризирање на теленовели, во недостиг на нови

Од среда во 20:30 часот на програмата на МТМ телевизија ќе се репризира мексиканската теленовела “Украдена љубов” (Lo que la vida me robo) која важи за една од најпродаваните и најуспешни мексикански новели за 2014 година. До почеток на некоја следна латиноамериканска серија, повторно ви ја објавуваме содржината на серијата за оние кои сакаат да ја гледаат.

 

 

Монсерат е млада и убава богата девојка, која од секогаш била опкружена со луксуз. Меѓутоа, дозволува нејзината доминантна мајка Грасиела да управува со нејзиниот живот. Дона Грасиела е жена која по никоја цена не сака да го изгуби угледот и социјалниот статус, и покрај тоа што нејзиниот сопруг Лауро Мендоза е на работ на банкрот. Криејќи се од својата мајка, Монсерат се впушта во романса со морнарот Хосе Луис, меѓутоа нејзината мајка тајно сака да ја омажи за богаташот Себастијан де Икаса. Монсерат и Хосе Луис уживаат во својата врска, свесни дека нејзиното семејство нема никогаш да го прифати сиромашниот Хосе Луис.

 

 

Од друга страна, на соседната хациенда младиот Алехандро дознава дека неговиот татко е еден суров мултимилијардер, кој умира неколку минути откако ќе му ја соопшти вистината на Алехандро. Потресен поради новонастанатата околност, Алехандро таа ноќ ја среќава Монсерат и безнадежно се вљубува во неа по што бара дозвола од нејзината мајка да почне да и се додворува. Откако дона Грасиела дознава дека Алехандро е богат наследник, почнува да крои нови планови во кои Алехандро е совршениот кандидат за нејзината ќерка и оној кој ќе ги спаси од банкрот. Истовремено Грасиела дознава дека Монсерат е во љубовна врска со сиромашен човек, па заедно со нејзиниот син Димитриј прават нова замка, во која на Хосе Луис му местат злосторство кое не го сторил. На тој начин ги разделуваат Монсерат и Хосе Луис, а му го отвораат патот на Алехандро до Монсерат. Разочарана од љубениот, Монсерат доживува уште една разочарување откако дознава во каква финансиска состојба е нејзиното семејство. За да го спаси семејството, Монсерат решава да се омажи за Алехандро, свесна дека така ќе ги погази своите принципи.

По свадбата, Монсерат се сели на имотот на Алехандро и од тогаш започнува да живее живот без љубов, живот во заробеништво, сонувајќи за деновите поминати со Хосе Луис. Хосе Луис, пак, бега од правдата и под туѓ идентитет се крие на имотот на Алехандро каде започнува да работи. За Монсерат доаѓаат тешки денови. Од една страна е Хосе Луис кој е блиску до неа, а од друга страна е Алехандро кој се’ повеќе почнува да го освојува нејзиното срце.

 

 

Во главните улоги настапуваат Анжелик Бојер (Монсерат), Себастијан Рули (Алехандро), Луис Роберто Гузман (Хосе Луис) Даниела Кастро (Грасиела) и други.  Бојер и Рубли освен овде, главен пар беа и во хит серијата “Тереза”. Анжелик ни е позната и од “Амбис на љубовта”, а Рули од главната улога во “Руби”, “Посилни од судбината”, “Вљубени и злобни” и епизодите улога во “Сестри” и “Страст”.

 

 

Дани | Тв Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!