Почетна / Серии / Психолошкиот трилер „Ханибал“ премиерно на Сител во 23:30 часот

Психолошкиот трилер „Ханибал“ премиерно на Сител во 23:30 часот

 

Од понеделник до петок во 23.30 часот на Сител телевизија

 

“… најдобро снимената и продуцирана тв серија за оваа сезона…“ – New York Post
“… страшно! Апсолутно една од омилените нови серии…“ – IGN.com

Тоа се дел од натписите за серијата по емитување на првата сезона на серијата на NBC од која се снимени вкупно 3 сезони, односно 39 епизоди.

 

 

Еден од најфасцинантните литературни ликови доаѓа на телевизиските екрани во играна серија: психијатар-кој-се-претвора-во-сериски-убиец, Др.Ханибал Лектер. Во оваа нова драма на генијалецот Брајан Фулер („Pushing Daisies“, „Heroes“) базирана врз ликовите на класичните романи на Томас Харис, ќе видиме каде започнува оваа неверојатна приказна.

Приказната се врти околу Вил Грам е надарен за откривање кривични профили и заедно со ФБИ го ловат серискиот убиец кој демне низ градот. Уникатниот начин на размислување на Вил му дава зачудувачка способност да се соживее со секого – дури и со психопатите.

 

 

Се чини дека тој знае што е тоа што ги тера сериските убијци да убиваат. Но кога умот на мистериозниот убиец кој го бара е премногу комплициран дури и за сфаќањето на Вил, тој бара помош од Др. Лектер, еден од најврвните психијатарски умови во државата.

Здружен заедно со чудната експертиза на брилијантниот доктор (познат како сериски убиец, само на гледачите), Вил и Ханибал ќе формират брилијантно партнерство и изгледа дека нема злосторник кој не може да го фатат. Но само кога Вил би знаел…

 

 

Фантастично приспособеното сценарио надополнето со одличната екипа на чело со Мадс Микелсен, кој го толкува ликот на Ханибал Лектор, нема да остави никого рамнодушен. Доколку имате слаб стомак, бидете внимателни, хорор елементите во серијата се визуелно моќно прикажани, а на моменти дури и гадни. Не очекувајте дека Ханибал Лектор ќе биде истиот лик од филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ од 1991 година, кој го толкуваше Ентони Хопкинс. Овој пат тој е уште пострашен, а морници ќе ви поминуваат низ телото додека ја гледате неговата морничава појава и неговото бесчувствително лице. Мрачен лик кој едноставно ќе ве „јаде“ однатре. Ова е серија која го заслужува вашето внимание.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Децата учат и се дружат со „Јана“ секое неделно утро на Канал 5

Секоја недела наутро во 10.20 часот, Канал 5 ќе ја емитува едукативната цртана серија „Јана“ …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!