Почетна / Забава / Евровизија / По ланската победа, се „крчка“ ли уште една победа за Шведска?

По ланската победа, се „крчка“ ли уште една победа за Шведска?

 

Шведска со поп-синтфолк песна на Евровизија

 

Земјата која е на чекор да ја престигне Ирска по број на победи на Евровизија и која е најпозната кога ќе го спомниме зборот Евровизија само поради нејзиниот напор, огромната популарност која ја има овој настан во земјата и возбудата која секоја година е присутна за време на нивниот избор Melodifestivalen. Како домаќини на Евровизија 2016, Шведска силно работеше на селекцијата на песни кои ќе бидат дел од Melodifestivalen 2016 кој се оддржа во пет градови, Гетеборг, Малме, Норкопинг и Гевле, и секако финалето во Стокхолм.

 

 

И не така импресивни песни беа дел од годинешната селекција која за чудо на целата таа одлична продукција што ја имаат, многу малку беа вредни за претствници и достојни за споменување. Сепак, со својата едноставност и со максимум поени и од жирито и публиката освои нумерата на Frans, If I Were Sorry.

Frans Jeppsson Wall е роден во Истад во Шведска и има само 17 години. Познат е по тоа што заедно со бендот Elias во 2006 година ја отпеал химната за фудбалската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ. Има уште една популарна песна во 2008 година поврзана со фудбалот, како дел од навивачките песни на Шведската фудбалска репрезентација која стигнува и до врвот на топ листите.

 

 

Живеел многу години во Лондон, и до својата 15 година таму присуствувал на музички часови. Има сестра близначка. Во 2016 година влегува во компетиција на Melodifestivalen каде што победува и станува најмладиот победник на Melodifestivalen по 33 години. Најмлата претставничка досега била Carola, 16 години, која победила во 1983.

 

 

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …