Почетна / Серии / По „Вештерки“ на Сител следуваат „Херои“

По „Вештерки“ на Сител следуваат „Херои“

По завршувањето на „Вештерки“, на Сител телевизија ќе се емитува мистериозната серија „Херои“.

 

 

„Heroes“ е култна научно-фантастична сериска сага за група на обични луѓе кои одеднаш развиваат натприродни сили, креирана од Тим Кринг. Во своите четири сезони, Херои беше номинирана за најдобра драма на Golden Globes, а освои и ЕМИ за најдобри ефекти во 2009-та.

Серијата го истражува начинот на кој овие луѓе се справуваат со своите нови моќи, нивното адаптирање во секојдневниот живот, но и улогата во спречување на глобални катастрофи и спасување на човештвото.

Херои е шоу инспирирано од стрип-културата во САД, а тоа најмногу се забележува преку самиот концепт на серијата, чија приказна е поделена на повеќе кратки делови со мулти-епизодни сегменти.

Серијата забележуваше одлични рејтинзи и огромни пофалби од критиката во својата прва сезона, за да во следните три бројот на фанови се’ повеќе да се намалува, по, за многумина, катастрофалното темпо и уште понеинспиративната приказна.

По мизерната четврта сезона (во секој можен поглед), NBC одлучи да ја укине своевремено својата најгледана драма. Неодамна беше изјавено и дека нема да има филм со кој ќе и се стави дефинитивен крај на оваа приказна.

Во главните улоги: David Anders, Kristen Bell, Santiago Cabrera, Jack Coleman, Tawny Cypress, Dana Davis, Noah Gray-Cabey, Greg Grunberg, Robert Knepper, Ali Larter, James Kyson Lee, Masi Oka, Hayden Penettiere, Adrian Pasdar, Zachary Quinto, Milo Ventemiglia, Sendhil Ramamurthy, Dania Ramirez, Leonard Roberts…

 

 

Losteech | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири познати американски серии започнуваат на ТВ 24 и Телма

Оваа сезона, Телма телевизија и Телевизија 24 продолжуваат со емитување на популарни и висококвалитетни американски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!