Почетна / Телевизија / Подгответе се за дигитална телевизија!

Подгответе се за дигитална телевизија!

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски изјави дека од 1-ви јуни следната година сите телевизии од аналогни предаватели ќе мора да преминат на дигитално емитување, во спротивно ќе згаснат. Ќе се одбере една компанија која ќе треба да го врши преносот на дигиталните сигнали преку еден пакет. Операторот што ќе ја добие лиценцата ќе мора да овозможи покривање од најмалку 80 проценти од територијата на државата со дигитален сигнал. Операторот ќе биде должен да ги пренесува сите национални и регионални телевизии. Досега имало заинтересираност само од една компанија за добивање на лиценцата, објавува Телма телевизија.

 

 

Во моментов е во тек анкета на Советот за радиодифузија каде се истражува кој од 47 локални телевизии сака да премине во регионална телевизија или пак нивна желба е да останат и да зрачат на локално ниво. Државата треба биде поделена на 8 региони, а локалните телевизии ќе се прикажуваат само во регионите каде што припаѓаат.  Со гаснењето на аналогниот сигнал ќе стартува и четвртата генерација на мобилна телефонија.

Од јуни ќе се намалат цените во мобилната телефонија, но Орданоски сепак не откри колку ќе изнесуваат новите цени и за колкав процент ќе биде намалувањето. Досега намалување на цените имаше само во фиксната телефонија од 37 отсто. Цените на СМС услугите засега нема да се менуваат и ќе останат исти, известува Телма.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Кабранов: Во Канал 5 примав 60.000 во плико на рака

Доскорешниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов во пост на Фејсбук обзнани дека додека работел во …

error: Содржината е заштитена!