Почетна / Телевизија / Ова е првата реклама емитувана на телевизија

Ова е првата реклама емитувана на телевизија

 

Првата телевизиска реклама во светот емитувана е во САД на 1. јули во 1941. година. Се работи за реклама на фирмата „Булова“, основана пред 66 години во Њујорк и која сеуште се занимава со производство на луксузни часовници и накит. Статичниот рекламен спот со порака „America runs on Bulova time“ траеше 10 секунди.

 

 

Првата реклама во историјата на телевизија и првата „легална“ реклама емитувана е во 14:29 часот за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу Brooklyn Dodgers и Philadelphia Phillies.

„Булова“ за оваа реклама платила 9 долари, а емитувана е на каналот WNBT, во сопственост на NBC, кој токму тој ден почнал да емитува програма. Меѓутоа, оваа реклама успеале да ја видат само неколку илјади луѓе, бидејќи во тоа време во Њујорк постоеле само 4.000 телевизори.

Рекламата на оваа фирма била прва гледана телевизиска реклама. Две години претходно во NBC експериментирале емитување на реклами за три компании –  Procter & Gamble, Socony Oil, денешен Mobil и General Mills, исто така во состав на утакмица на Brooklyn Dodgers.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Ружица Фотиновска како презентер на дневните вести на ТВ 24

Новинарката Ружица Фотиновска веќе одреден период ја гледаме на екранот на ТВ 24 и како …