Почетна / Серии / Ново промо | „Мелроуз плејс“ од вечерва на Сител

Ново промо | „Мелроуз плејс“ од вечерва на Сител

 

„МЕЛРОУЗ ПЛЕЈС“
од вечерва по Дневник 2 на Сител

 

 

„Melrose Place“ е американска телевизиска серија премиерно прикажувана на телевизиската мрежа The CW од 9. септември 2008. до 13. април 2010 година. Продуценти на серијата се Тод Славкин и Дарен Свимер, односно продуцентите на „Smallville“. Серијата е спин-оф на истоимената популарна серија од 90-тите.

 

 

Серијата претставува 5-та по ред од франшизата „Beverly Hills 90210“ и е своевидно продолжение на оригиналната драма „Melrose Place“ од 1990. година. Во серијата се зборува за неколку млади кои живеат во апартмански комплекс во Лос Анџелес, а дејствијата започнуваат со мистериозно убиство на нивната газдарица. Таа ќе биде пронајдена мртва во базенот што се наоѓа среде комплексот и за нејзиното убиство има многу осомничени.

 

Melrose Place Sitel1

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Пакет препорака | Нова серија од авторот на „Очајни домаќинки“

Од креаторот на „Desperate housewives“ и „Devious maids“ стигна уште една серија која се занимава …