Почетна / Забава / Новогодишно музичко шоу со кабаре „Еуфорија” на 30 декември

Новогодишно музичко шоу со кабаре „Еуфорија” на 30 декември

На 30 декември, „Македонската опера и балет” ќе блесне како никогаш досега, бидејќи доаѓа кабаре „Еуфорија” – спектакл кој ќе ги помести границите на забавата и уметноста. Ова не е само обично шоу – тоа е брилијантна фузија на уметност, гламур и страст кое ги обединува сите генерации.

Овој уникатен настан носи повеќе од 30 артисти – танчери, акробати, балерини, вокалисти и актери, една нова генерација на креативци кои со својот талент, иновативни идеи и страст го претвораат секој момент во жива уметничка сцена. Со преку 130 спектакуларни костими, танцувајќи во експлозивен ритам, изведувачите ќе ви раскажат една исклучителна приказна – приказна која ги спојува стилот, танцот и музиката во три различни сегменти. Првиот дел – класичното кабаре кое ќе ве пренесе во светот на елеганцијата и ретро гламурот. Вториот дел – модерното кабаре кое оживува со смели движења, акробации и моќна енергија што го истакнува современиот дух на сцената. Финалето ќе ве понесе со најголемите балкански и светски хитови, претворајќи ја сцената во еуфорична забава.

Секој момент е прецизно осмислен за да создаде незаборавно искуство. На 30 декември, ќе ве потсетиме зошто уметноста не треба само да се гледа, туку и да се почувствува. Затоа, подгответе се за вечер што ќе го разбуди секое ваше сетило и придружете ни се.

Картите се пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и Јк травел во Бисер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ристе Ристески беше гостин на концертите на Цетински во Сава Центар

На крајот на ноември, Тони Цетински приреди три последователни концерти во легендарниот Сава Центар во …

error: Содржината е заштитена!