Почетна / Телевизија / Нова босанска хумористична серија „Криза“ започна на Алфа

Нова босанска хумористична серија „Криза“ започна на Алфа

 

Криза во средните години во животот – во 20:40 часот

 

Минатата недела на Алфа телевизија со емитување започна новиот босански ситком “Криза”, снимен во Сараево во 2013 година во 24 продолженија. Се емитува од понеделник до петок во 20:40 часот, веднаш по завршување на “Луд, збунет, нормален”.

 

 

Серијата ни ги прикажува згодите и незгодите на четворица средовечни пријатели Алеш, Мирон, Недо и Зринко кои по многу години повторно се среќаваат и решаваат да ги остварат своите младешни соништа – да станат рок музичари. Алеш е ветеринар кој ја мрази работата, а Мирон, неговиот брат, е сликар кој го шетал цел свет и сега се доселува во куќата на братот. Заедно со братот и двајцата пријатели го основаат бендот “Криза”, мислејќи дека ако се рок пејачи, ќе имаат повеќе успех кај жените.

 

 

Четворицата пријатели ги толкуваат Никола Којо, Енис Бешлагиќ, Александар Сексан и Мирван Куриќ.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Телма ексклузивно на Глобален медиумски конгрес во Дубаи

Медиумската индустрија се развива брзо, а бизнисите мора да се адаптираат за да напредуваат. Дизајниран …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!