Почетна / Серии / Tелма со нови сезони од акционата серија „Аларм за кобра 11“
21, 22 и 23 сезона во 20.30 часот на Телма телевизија

Tелма со нови сезони од акционата серија „Аларм за кобра 11“

Oд петок (8 ноември), започнуваат новите епизоди од германската акциона серија “Аларм за Кобра” на Телма телевизија. Досега од серијата се снимени 24 сезони и над 400 епизоди, а поради големата популарност во матичната земја, снимањето продолжува и понатаму.

Серијата ги опишува кривичните истраги на одделнието за сообраќајна полиција на автопат. Главни ликови се двајца полицајци кои формират полициски тим, а чии места се менуваат во текот на сезоните.

Многу акција, потрага по убијци, бомбардери, криминалци ве очекува во новите сезони на Аларм за Кобра 11, од понеделник до петок, веднаш по Топ тема на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Mоторските банди ќе нѐ потсетат на „Тајна задача“ на МТВ 1

“Тајна задача” е американска мини серија која нѐ води во светот на мотористите, и тоа …

error: Содржината е заштитена!