Почетна / Сапуници / Непознати факти: Алондра

Непознати факти: Алондра

Она што не го знаете за теленовелата “Alondra”

Оригинална приказна на Јоланда Варгас Дулче и прва костимирана теленовела на Карла Естрада, со Ана Колчеро како Алондра, Гонсало Вега како Бруно и Ернесто Лагуардиа како Карлос Тамес. Карла Естрада ја врати романтиката на 19-от век на малиот екран, бидејки три години претходно, Телевиса немаше снимено костимирана сапуница од ваков тип. Насловната нумера ја испеа Хосе Пабло Гамба, а песната не беше единственото што ја одушеви мексиканската публика, туку и кастот на новелата, совршената костимографија и сценографија, амбиентот и многу други ситни делови кои ја прават оваа теленовела беспрекорна.

 

Ана Кочеро за улогата на Алондра ги доби сите пофалби од критичарите. Последна теленовела која Ана Колчеро ја сними за Телевиса. Следната (1996-та година) и беше понуден ексклузивитет во новоотворената ТВ Ацтека, но и таму не траеше долго. Три години подцна во Перу ја сними новелата Исабела и потоа се повлече од светот на телевизијата. Во теленовелата свое деби како актерка имаше Кети Барбери, која ја глумеше најдобрата другарка на Алондра.

 

Ова беше последна улога на актерката Вероника Мерчант за Телевиса. Вероника овде ја глумеше Марија Елиса, пожртвуваната ќерка на Лорето. Aктерката по оваа теленовела замина во редовите на ТВ Ацтека и до ден денес снима за нив.

 

Многумина не знаат, но во оваа теленовела своето актерско деби го има идните ѕвезди на Ребелде – Анаи и Дулсе Марија. Анаи ја толкуваше малечката ќерка на Бруно ле Бланк, а Дулсе ја глумеше Марија Елиса во мали години.

 

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!