Почетна / Серии / Теленовели / Најраскошната руска серија стартува во 20:30 часот на 1 ТВ

Најраскошната руска серија стартува во 20:30 часот на 1 ТВ

Од 1 октомври – ексклузивно и во Македонија на 1 телевизија

Од понеделник (1 октомври) во 20.30 часот на 1 ТВ започнува “Екатерина Велика”, раскошна и возбудлива серија на руската продукција за една од најзначајните жени во европската историја во 18. век. Во средиштето на приказната е Софија Фредерика, ќерка на осиромашен пруски кнез чии родители се подготуваат да ја пратат во Русија како би станала невеста во царскиот дворец, желба на тогашната Царица која сака да го ожени нејзиниот син.

Така започнува авантурата на младата девојка, која доаѓа во Русија и во новиот дом ќе наиде на голем отпор откако станува сопруга на рускиот цар Петар Трети. Но, нејзиниот сопруг повеќе го интересираат воените игри отколку жените, па неговиот ладен однос и бес предизвикуваат осаменост кај невестата која започнува да тежнее кон моќ и власт во големото царство. Девојката за да ги придобие сите во царството и особено нејзиниот маж, решава да го научи рускиот јазик, да ја прифати руската култура, да ја прифати православната вера и на тој начин да го промени името во Екатерина.

Од сиромашна и млада девојка полна со сила и соништа станува студена и безмилосна жена која ќе гази се’ пред себе за да опстои во царството. Станува најголемата господарка во светот, станува жена која ќе ги освојува земјите и срцата, ќе ги гуши буните и ќе одржува врски со најистакнатите европски мислители. На тој начин, таа ќе стане Екатерина Велика. Следува златното доба на руското царство, време на Екатерина Велика. Жена која станува царица, и чија моќ ќе ги заситува машките апетити и ќе ги воведе најзначајните реформи во руската историја.

44 продолженија полни со страст, вистини, интриги и раскош следуваат на 1 ТВ. Серија која ќе стане вистински хит кај гледачите желни за нешто спектакуларно и поинакво. Од понеделник до петок, следете ја сагата за руската владетелка – Екатерина Велика.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Како изгледа „Ла Усурпадора“ од денешен аспект

Вака изгледаше всушност “Злобница” – погледнете и насмејте се Сигурно многумина се сеќаваат на мексиканските …