Почетна / Телевизија / Мистер Бин заминува во историјата

Мистер Бин заминува во историјата

 

Ровен Аткинсон, актерот што го толкуваше ликот на Мистер Бин, најави дека дошло време да се пензионира. Обожавателите ширум светот ќе мора да се простат од својот омилен лик. Иронично е тоа што играњето на улогата која носеше смеење за толку голем број луѓе ширум светот, за Аткинсон во реалноста станала малку тажна. „Работите кои за мене донесоа најголем комерцијален успех, оние физичките и детинести, најмалку ќе ми недостасуваат. Освен фактот дека секој ден сте се помалку физички подготвени за некои работи, фактот дека некој во 50-те години се однесува како дете, станува помалку тажно. Морате да бидете внимателни“, изјави Аткинсон.

 

 

Господинот Бин се појави во 1990. година. Тој е лик кој е создаден лично од Аткинсон, актерот што му дава живот. Бин е резултат на работата на Аткинсон за магистарска диплома на Универзитетот во Оксфорд. Снимени се вкупно 14 епизоди за серијата, како и два играни филма. Подоцна во 2002. година беше создадена и анимирана серија. Но и покрај големиот успех, Ровен Аткинсон признава дека Господин Бин му бил пречка во добивањето сериозни улоги.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Шеф Никола од „Брза кујна“ со весела свадбена журка

35-годишниот шеф Никола од кулинарското гејм шоу „Брза кујна“ изминатиов викенд направи журка за неговата …