Почетна / Филм / Милениците на Холивуд, Зек Ефрон и Џорџ Клуни, празнично на Телма

Милениците на Холивуд, Зек Ефрон и Џорџ Клуни, празнично на Телма

Летно кино на Телма со два филма секоја вечер

 

Телма филмови за празничниот ден – 2 август. Во продолжение запознавање со насловите кои ќе се емитуваат за Илинден на Телма :

17 Again (2009) – 2 август, 19.10 часот

Мајк О’Донел е незадоволен како поминал неговиот живот. Еден ден повторно се враќа во телото на седумнаесетгодишник и добива шанса да ги исправи животните грешки. Но, работите ќе се искомплицираат кога неговата ќерка ќе се вљуби во него, не знаејќи дека душата е всушност на нејзиниот татко. Дали таткото ќе ја искористи приликата и ќе ги поправи грешките од минатото или ова е само еден промашен обид да се биде повторно 17 годишен? Зек Ефрон во комедијата “Повторно 17”.

The Good German (2006) – 2 август, 22.00 часот

Во поствоениот Берлин за време на конференцијата во Потсдам, Џејк Гејсмар, американски воен новинар е вовлечен во истрага за убиство, која ја вклучува неговата поранешна љубовница и неговиот возач. Време во кое сите имаат тајни. Време на манипулации, корумпираност, лаги, турбулентно време на интимни човечки драми низ интригантни политички игри. Џорџ Клуни и Кејт Бланшет во љубовната трилер мистерија “Добриот Германец”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американски филм на Телма секој ден во 23 часот

Ако до минатата ТВ сезона, играните филмови на Телма се емитуваа во 22 часот, од …

Leave a Reply