Почетна / Забава / Миа Колучи ќе стане прва дама на Чиапас

Миа Колучи ќе стане прва дама на Чиапас

 

„Ќе станам прва дама, не ми требаат скандали“

Пејачката и актерка Анаи, одлучи да го заборави пријателството со некогашниот колега и пријател од бендот RBD, Кристијан Чавез, кој поради насилство неодамна е уапсен во САД. Како што пренесуваат мексиканските таблоиди, Анаи одлучила да ги тргне сите фотографии на коишто се појавува со Чавез, а кои претходно ги имала поставено на повеќе социјални мрежи.

 

 

Актерката којашто ја одигра улогата на Миа Колучи во мексиканската верзија на „Rebelde way“, со својот потег нагласува дека не сака нејзиното име да се поврзува со личности кои го прекршуваат законот. Интересно е тоа што пред само неколку месеци, Анаи за Кристијан изјави дека е нејзин најдобар пријател, личност од доверба и брат.

 

 

„Анаи побарала и од Крис да ги избрише сите нивни заеднички фотографии затоа што како идна прва дама на Чиапас не може да биде вклучена во ваков скандал“, открива еден извор за мексикански магазин.

 

Кристијан Чавез беше уапсен поради тоа што го претепа својот дечко. Инаку, серијата „Rebelde“ пред неколку години се емитуваше на скопската телевизија К-15. Шестчлената група RBD од која беа дел Анаи и Кристијан стана планетарно популарна благодарение на серијата, нивните албуми се продаваа во милионски тиражи ширум светот.

Во Србија закажаа концерт во Белградската арена, кога сфатија колкава е заинтересираноста одлучија да одржат не еден, туку два концерта во истата сала за два дена. Анаи, една година подоцна и како солист одржа концерт во Србија, во Белградската арена. Како најголем одржан концерт на RBD е забележан оној во арената Маракана, во Бразил кадешто не остана ниту една непродадена карта. Серијата „Rebelde“ како римејк е продадена во многу повеќе земји отколку нејзиниот оригинал „Rebelde way“. Во Македонија беа емитувани двете верзии, но секако онаа првата остана во срцата на младите.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …