Почетна / Телевизија / Мете од „Бурни времиња“ во турска серија на Алфа

Мете од „Бурни времиња“ во турска серија на Алфа

 
Oд понеделник Алфа ја менува својата програмска шема. Ве информираме дека вестите ќе се даваат во 15:30, 18:30 и 22:10 часот, а се воведуваат и нови содржини во програмата.

Секој работен ден, од понеделник до петок во 15:50 часот ќе се дава

 

 

Нова програмска шема на Алфа телевизија од понеделник

 
Oд понеделник Алфа ја менува својата програмска шема. Ве информираме дека вестите ќе се даваат во 15:30, 18:30 и 22:10 часот, а се воведуваат и нови содржини во програмата.

Секој работен ден, од понеделник до петок во 15:50 часот ќе се дава документарно играната серија „Семејни тајни“, српска верзија на хрватската „Крвта не е вода“. Серијата е инспирирана од секојдневните животни приказни, од неочекуваните љубовни афери, од драматичните бракоразводни парници, од мачните судења, од застрашувачките смејни тајни.

 

Веднаш по завршувањето на епизодата, секој ден во 16:40 часот ќе се емитува премиерен игран филм.

Во 19:15 часот во понеделник започнува српското музичко шоу „Шоу на сите времиња“ за песните на југословенската младост. Ова шоу го водат легендарниот Никола Којо и новото телевизиско лице Маша Павловиќ. Шоуто е оригинално и заради тоа што во истите емисии со носталгија, се претставуваат и тие што се родени во тие години, што тогаш го прославиле првиот родеден или тргнале на училиште. Посебни ѕвезди на секоја епизода се познатите пејачи кои во тие години имале песна на прво место на тогашните топ листи од Вардар до Триглав.

 

Во петок во 19:15 часот започнува долгонајавуваната српска серија „Фолк“. Првата сезона го покажува животот на единаесетгодишната Ѕвездана, која во својот роден крај и по должината на Ѕвездана преку ден оди на училиште, а навечер пее во кафеана и тоа е начин таа и нејзиното семејство да опстојуваат. Сите нејзини желби се насочени само кон една цел – да победи на државниот натпревар за прв глас на Србија. Тоа е нејзината шанса да влезе во светот на естрадата за кој сонува.

 

Во петок во 20:00 часот ќе се емитува новата турска историска серија „Махмут и Меријам“, несинхронизирана. „Махмут и Мерием“ е серија во 4 епизоди за легендата за невозможната љубов меѓу синот на еден исламски цар и ќерката на христијански свештеник од 16. век. Махмут, синот на царот, е исполнет од љубовта кон Алах и ги прифатил сите вредности на еден хуман владетел кој треба да го наследи престолот. Тој им го чита куранот на робовите, им помага на сиромашните луѓе и секогаш го става своето знаење во име на Алах. Мерием е ќерка на христијански свештеник, прекрасна и невина девојка. Еден ден нејзиниот пат ќе се вкрсти со оној на Махмут. Оттогаш нивните животи целосно ќе се променат.

 

Во 21:00 часот од понеделник до петок ќе се емитува реалното шоу „Фарма“, a наскоро започнува и новата македонска играно документарна серија „Алфа акција“ која ќе се занимава со криминалистички случаи.

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица за Телма: Oстанете да тонете во малициозност и аматеризам

Жесток допис на претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев до ТВ Телма, а кој …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!