Почетна / Телевизија / Маестралната Марија Сердар победи во „Ѕвездички“, Трајче втор

Маестралната Марија Сердар победи во „Ѕвездички“, Трајче втор

 

Солзи и возбуда на маратонското финале од “Ѕвездички”

 

Маестралната Марија Сердар е победник на првата сезона на српското музичко шоу “Пинк ѕвездички”. Вчеравечер се одржи финалето на најгледаното шоу во Србија, каде Марија мораше да ги помине сите препреки и пресеци на гласови, за на крајот во големиот двобој да се најде соочена со нашиот Трајче. Во големиот дуел на големите вокали, Марија ја испеа “Јутро” која го одбележа нејзиното учество, а пак Трајче ја отпеа “When I was your man” од Бруно Марс по која стана популарен во Македонија и регионот.

Подршка и овие, а и другите дечиња, постојано добиваа од своите верни фанови во салата кои ниту водителката, а ниту жирито не можеа да ги смират.

 

 

Шоуто траеше десет месеци. Десет месеци сурови елиминации. Младите ѕвездички мораа да поминат многу кругови, да испејат многу песни и да подготват многу сценски настапи за да стигнат до суперфиналето.

А таму, во суперфиналето повторно сурова борба и испаѓање на двајца по двајца. Благодарение на огромната подршка и гласови од публиката, Сердар и Трајче стигнаа до финалната борба, но сепак титулата Прва Пинкова ѕвездичка ја освои Марија Сердар. Девојката за време на целото натпреварување се одвојуваше од другите кандидати. Нејзиниот глас го расплакуваше жирито, ја воодушевуваше продукцијата, ја занеме публиката неколку пати.

 

 

Во финалето, Трајче ги испеа I who have nothing, Pray, I just called to say I love you, македонската Јано мори и последната песна беше од Бруно Марс. Додека пак Сердар се претстави со Purple rain, Bato, Zajdi zajdi, a овациите и сигурната победа ги доби со “I will always love you” од Витни Хјустон и “Јутро” од Јелена Томашевиќ.

Сега патот до славата ги чека малите но големи ѕвездички. Нивната авантура допрва почнува.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИНРЕКОМ со благодарница за успешната соработка со ТВ Пакет

“Почитувани, Институтот за развој на електронски комуникации прославува 2 години од основањето. По тој повод, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!