Почетна / Телевизија / Лето со егзотичните репертажи на „Светот на дланка“ на ТВ 24

Лето со егзотичните репертажи на „Светот на дланка“ на ТВ 24

Секој викенд, вистинско летно уживање на ТВ 24

 

Популарниот серијал “Светот на дланка” повторно на малите екрани. Секоја сабота и недела во 19 часот и 15 минути, ТВ 24 ни нуди импресивни летни репортажи од најегзотичните светски дестинации.

Преку документарен пристап, на препознатлив и нестварно допадлив начин, и овојпат Слободан Мичиќ ќе ни ги претстави сите убавини, како и мали и големи тајни на целиот свет. Низ возбудливите телевизиски записи на овој серијал, ќе пловиме, ќе летаме, ќе пешачиме, ќе јадеме во чудесни ресторани, ќе уживаме во автентична гастрономска понуда, ќе слушаме автентична музика која само на тие места звучи толку добро, ќе лежиме под небото над Африка, ќе останеме магепсани од убавините на Тенерифе, Куба, Австралија, Нов Зеланд итн.

За миг замислете дека сте на прекрасна авантура преку “Светот на дланка”. За момент, избегајте од сивилото на Македонија и доживејте ги убавините на светот, кој сега ви е на дланка преку програмата на ТВ 24.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српскиот квиз „Столици“ секое попладне на ТВ 24

Српскиот квиз “Столици” започна со емитување на ТВ 24, од понеделник до петок во 17.45 …

Leave a Reply