Почетна / Живот / Култен документарец за луѓето кои се луди за качување по карпи

Култен документарец за луѓето кои се луди за качување по карпи

 

04 Октомври | 22 часот | Discovery Channel

 

 

,,Бунт во долината (Valley Uprising) е неверојатен документарец за фанатичните луѓе кои се качуваат по карпи и начинот на живот кој го имаат организирано во националниот парк Јосемити, Калифорнија. Филмот минатата година освои и награда за најинспиративен авантуристички филм на Wild & Scenic Film фестивалот во Невада, а на 4 октомври ќе биде премиерно прикажан на Discovery во 22 часот.

 

 

Масивните карпи на Јосемити националниот парк, веќе 50 години ги привлекува овој тип на спортисти како и истражувачи и лудаци кои имаат оставено сè и тргнале во поход на високите гранитни карпи. Луѓето кои пред педесет години дошле во Јосемити и започнале боемски начин на живот во долината, се во постојани караници со чуварите на Националниот парк и тргнале во некои најхрабрите искачувања во светот. Факелот се пренесува веќе три генерации преку натпревари, трагедии и триумфи-уметноста на искачувањето во Јосемити ги поминува сите граници на фантазијата.

Цели педесет години во Јосемити се создава уметноста на искачувањето, освојувани се врвови како Халф Доум и Ел Капитан, развиено е спортското качување, слободно и брзо качување и се поставени темелите на нови спортови-првенствено Base скокањето.

 


 

,,Бунт во долината, заедно со нарацијата на актерот Питер Сарсгард и со Еми наградената продукција Sender Films и Big UP Production, вешто ја прераскажува историјата и традицијата на Јосемити: половина век борба против законот на гравитација и законот на земјата. ,,Искачување на долината ќе ги однесе гледачите на место со неверојатна природна убавина кои инаку не би имале шанса да ги видат. Во филмот главни ликови се легендите на искачувањето Дин Потер, Алекс Хонолд, Лин Хил, Џим Бридвел, Ројал Робинс, Ворен Хардинг, Ивон Чоунард, Иван Бачар и многу други.

На македонската публика за прв пат филмот беше прикажан 2014 како дел од филмската Reel Rock турнеја, а премиерно на ТВ екраните може да го проследат на Discovery на 4 октомври во 22 часот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови книги од Стојановски и Чапаровска во издание на „Современост“

Во издание на литературното списание „Современост“ од Скопје излегоа книги од нови македонски автори, романот …