Почетна / Живот / Кубански хром – приказ на култната автомобилска култура на Куба

Кубански хром – приказ на култната автомобилска култура на Куба

 

Discovery Channel | 28 октомври |20 часот

 

,,Кубански хроме првиот американски телевизиски серијал кој во потполност е продуциран во Куба, а премиерно започнува да се прикажува од среда, 28 октомври во 20 часот.

Екипата на серијалот Кубански хром доби посебна дозвола од властите на Куба и САД за снимање на серијалот и документирање на активностите на ,,A lo Cubano “  кои со сите сили се трудат да го зачуваат автомобилите и да ги пренесат на следната генерација сопственици. Освен иновативните методи на реставрација, серијалот ни нуди приказ и на начинот на живот на островот.

 


 

Ако ја посетите Куба, може да забележите илјадници стари американски автомобили позади кои се крие приказна. Овој серијал, ја претставува посебноста на кубанската автомобилска култура која како да е запрена во времето. По Кубанската револуција во 1959 и ембаргото на САД, увозот на американски автомобили на островот е нелегален. Така, американските автомобили на Куба се замрзнати во времето. За Кубанците овие автомобили не претставуват само превозно средство туку и начин на живот, а друштвото од страстни вљубеници, реставратори и механичари од автомобилскиот клуб  ,,A lo Cubano“  работат на одржување на овие класични автомобили.

Продукцијата на серијалот е одобрена пред САД да објави дека ќе ги обнови дипломатските односи со Куба. Реакцијата на членовите на авто-клубот на оваа историска објава, исто е забележана во серијалот.

 


 

ДАЛИ ЗНАЕТЕ?

-На Куба има околу 60,000 стари автомобили.

-На Куба нема увоз на автомобилски делови од  почетокот на шеесетите.

-До октомври минатата година, жителите на Куба имаа забрана за купување и продажба на возила без дозвола од владата.

-На Куба има неколку зачувани и функционални автомобили Ford Model T од 1929 год.

-Многу од моторите во класичните автомобили се всушност Honda или Toyota, бидејќи оригиналните мотори не работат.

-Сопствениците сами ги поправаат автомобилите. Многу од поправките ги прават со домашни реквизити и механички ракотворби.

 


 

-Единствени автомобили кои Кубанците легално може да ги поседуваат се автомобилите произведени и купени пред 1959 година. После оваа година, кубанската влада ги запленува сите автомобили и се во нејзина сопственост до ден денешен. Поголемиот дел од автомобилите увезени пред 1959 год. се токму од САД.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охрид SOS : Марина во Студенчишко Блато не смее да има!

Во прилог соопштение на Охрид SOS до јавноста : Претставници на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ …

error: Содржината е заштитена!