Почетна / Телевизија / Крај за “Величествениот”. Чао Сулејман!

Крај за “Величествениот”. Чао Сулејман!

 

И покрај првичната информација која пред неколку денови осамна на “ТВ Пакет” дека гледачите не треба да се грижат за продолжението на серијата “Величествениот” затоа што наводно починатата сценаристка го довршила сценариото, излезе дека Мерал Окај не оставила никакво сценарио зад себе.

 

 

Откако Окај почина во понеделникот снимањето на серијата е прекинато на неопределено време, а неизвесно е и дали некогаш истото ќе продолжи. Сценаристката била особено позната како познавач на турската историја, била почитувана личност, главните актери од серијата се во голем шок и изјавиле дека не знаат кога повторно ќе бидат способни да ја снимаат серијата која ги потсетува на нивната драга и блиска пријателка.

Оваа личност била единствениот извор на информации за сите ликови од приказната за турскиот владетел, па затоа се поставува прашањето дали со смртта на сценаристката гледачите треба да се збогуваат и со “Величествениот”?

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие филмови се на репертоарот на Телма од 6. до 13. февруари 2021

ПРОГРАМСКА ШЕМА НА ТЕЛМА ТВ ЗА ПЕРИОДОТ ОД 06.02 2021 – 12.02 2021 САБОТА Телма …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!