Почетна / Сапуници / Кој всушност е Езел?

Кој всушност е Езел?

 

 

Ја откриваме приватноста на “Езел”

 

 

Кенан Имирзалиоглу потекнува од големо семејство и е најмладиот од своите браќа. Роден на 18-ти јуни, 1974-та година во селото Учем. На 12 години се сели во градот Анкара поради образованието. Од унивeрзитетот “Yıldız Technical” излегува како дипломиран математичар. По неколку години, директорот Осман Синав го открива талентот за глума на Кенан, кога тој се пријавува на кастингот за серијата “Deli Yurek” (Лудо срце). По неговата улога во споменатата серија, Кенан станува популарен актер во Турција, а со текот на времето тој стекнува се поголемо искуство во оваа работа со улогите кои во меѓувреме му беа доделени.

 

Во 2005-та година, Имирзалиоглу ја добива можноста да биде еден од водечките ликови во серијата “Горка Љубов” (Aci Hayat), работена според истоимениот филм од 1962-та година. Оваа серија пред неколку години се емитуваше и на Сител телевизија. Поради преголемата популарност на серијата во Турција, Кенан по улогата на Мехмет добива позначајни филмски улоги, ја напушта телевизиската продукција и почнува да гради кариера како филмски актер. Се појавува во акционите филмови како “The Last Orroman” и “For Love and Honor”. Кенан смета дека го достигнува врвот во кариерата откако влегува и во филмскиот свет, затоа во 2009-та година повторно се враќа во телевизијата со серијата “Езел” која помина особено успешно во матичната земја и останатите балкански земји што ја емитуваат. Најновиот проект на човекот по кој лудуваат сите жени е филмот “Uzun Hikâye” што во превод би значело “Долга приказна”.

 

Телевизиски проекти на кои тој работел:

* Deli Yurek (Yusuf Miroglu) (1999-2002)
* Alacakaranlık (Ferit Caglayan) (2003-2005)
* Acı Hayat (Mehmet Kosovalı) (2005-2007)
* Ezel (Ezel Bayraktar) (2009)

 

Филмографија:

* Deli Yurek: Bumerang Cehennemi (Yusuf Miroglu) (2001)
* Yazı Tura (Hayalet Cevher) (2004)
* Son Osmanlı Yandım Ali (Yandım Ali) (2006)
* Kabadayı (Devran) (2007)
* Ejder Kapanı (Akrep Celal) (2009)
* Uzun Hikâye (2012)

 

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!