Почетна / Сапуници / Која е Јасмин приватно?

Која е Јасмин приватно?

Нешто повеќе за приватниот живот и кариерата на “Јасмин”

 

 

Прво ја запознавме како Езо, бунтовна девојка од село што беше заробена во вртлогот на судбината, а потоа ни дојде како Јасмин, урбана и самостојна жена со цврст карактер, посакувана од многумина, но предадена само на еден. Хит серијата “Љубов и казна” секојдневно ги урива рекордите на гледаност, а само една од многуте причини за големиот успех на оваа серија е талентот на преубавата актерка што ја толкува главната женска улога во турската серија.

 

Нургул Јесилчај е родена во Афион, Турција на 26-ти март во 1976-та година. Таа има завршено студии по глума на “Anadolu University” што се наоѓа во Eskisehir. По завршувањето на студиите, Нургул добива повеќе главни улоги на театарската сцена како што се Ophelia во “Hamlet” и Blanche DuBois во “A Streetcar Named Desire”. Освен во театарот, оваа популарна турска актерка се има појавувано и во многу телевизиски проекти и драмски серии кадешто во повеќето им дава живот на главните ликови.

 

Покрај сите тие улоги, неа ја имаат ангажирано и на филмското платно во 2001-та година. Филмот “Sellale” во кој таа ја толкуваше улогата на Semir Arslanyurek и донесе признание за Најдобра актерка на 45-то издание од “Златно-портокаловиот филмски фестивал во Анталија”, воедно, и го покажа и патот кон филмскиот свет. Тој пат ја доведе и до еден мошне контроверзен проект, телевизиски филм кој зборува пороците и за животот на две лезбијки од кои едната ја толкува токму Нургул. Оваа нејзина улога го докажа нејзиниот сестран талент.

 

 

Филмографија

* 7 Husbands for Hurmuz (7 Kocalı Hürmüz) (2009) – Hürmüz
* Vicdan (2008), како Aydanur
* Yaşamın Kıyısında (Auf der anderen Seite a.k.a. “The Edge of Heaven”) (2007) – Ayten
* Adem’in Trenleri (2007) – Hacer
* Anlat İstanbul (2004) – Uyuyan Güzel Saliha
* Eğreti Gelin (2004) – Kostak Emine
* Asmalı Konak – Hayat (2003) – Bahar Karadağ
* Mumya Firarda (2002) – Fatıma
* Şellale (2001) – Nergis
* Herşey Çok Güzel Olacak (1998) – Hemşire

Телевизиски улоги

* Sensiz Olmaz (2011) – Feryal
* Aşk ve Ceza (2010) – Yasemin
* Ezo Gelin (2006) – Ezo
* Belalı Baldız (2005) – Arzu Parlak
* Melekler Adası (2004) – Şerbet
* Asmalı Konak (2002) – Bahar Karadağ
* 90-60-90 (2001) – Deniz
* İkinci Bahar (1999) – Gülsüm

 




 Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледачите на „Женски рај“ зачудени – ТВ 24 и по втор пат ја укина серијата

ТВ 24 од денес нема да ја емитува италијанската сапунска драма “Женски рај” во 21 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!