Почетна / Телевизија / Х Фактор / Кики откри дека родителите на Илма сакале само пари!

Кики откри дека родителите на Илма сакале само пари!

 

Менторот на Илма, Кики Лесендриќ, којa минатата недела беше исфрлена од Х-Фактор секојдневно е се повеќе разочаран од младата девојка, прво откако ја проколна Емина, од родителите и ноншалантниот однос, пренесува порталот Вистина.

 

 

Тој изјави дека никогаш нема да работи со Илма, а сега раскажа и за тоа дека родителите постојано „удирале“ на првото место и сумата од 200.000 евра, колку што вреди главната награда постојано им била во главата.

– „Како музичар и пејач секогаш би помогнал на секој кој има добар глас и талент, без разлика кој е во прашање. Со самото тоа што Илма беше во мојата група, ми беше особено драга, бидејќи се уште е дете. Таа има одлични гласовни способности и неспорен талент, но се останато нема. За да бидеш ѕвезда и да го имаш тој фамозен Х-Фактор, мораш да се родиш со тоа, тоа не се стекнува, а Илма е најдобар пример за тоа.

 

 

Сите големи ѕвезди кои ги познавам никогаш не би покажале суета, разочарување или недолично однесување. Но, Илма тоа го покажа веднаш штом испадна. Беше видно разочарана, огорчена на сите членови од жирито, публиката, продукцијата, а нејзиното заминување без поздрав докажува во што се претвори ова девојче. Додуша не ја осудувам, таа уште не е зрела, но ми смета што нејзините родители „пукаа“ на високо и веќе ја гледаа како победник, нив им беше важна само побредата и договорот кој победникот ќе го добие.

Сепак, тие се тие кои го воспитуваат сопственото дете и се одговорни за нејзиното однесување. Тие се тие кои жаргонски кажано, ја пумпаат дека е ѕвезда, што е тотално погрешно. Таа мора уште многу да учи, бидејќи патот до ѕвездите е тежок и трновит“, вели Кики.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …