Почетна / МК Сцена / Каролина во црно, откажана целата турнеја

Каролина во црно, откажана целата турнеја

Ексклузивката на Авалон продукција, Каролина Гочева е во вистински шок по ненадејната смрт на Даниел Милошески чиј погреб се случи попладнево. Како што веќе напишаа некои медиуми, пејачката ја дочекала со неверување веста за изненадната смрт на нејзиниот најголем соработник и пријател. Скршена од болка и постојано обвиена во солзи, Каролина тагува за нејзиниот пријател на кој му должи најголем дел од успесите во нејзината кариера.

 

 

Даниел Милошески заедно со брат му Бобан се најголеми “виновници” за тоа што значи името на Каролина денес. Нејзината кариера започна вртоглаво да се движи по потпишувањето на договорот со Авалон продукција во 1999 година од кога трае и нејзиното големо пријателство со Даниел. Осум студиски албуми, соработки со најголемите имиња од Македонија и Балканот, подршка за два пати на евровизиската сцена, многу концерти, промоции во Македонија и на Балканот, настапи и учества во музички шоуа и ред други успеси на Каролина се голема заслуга на Даниел.

Поради смртта на Милошески, летната концертна турнеја на Каролина е откажана. Продукцијата одлучи да ги откаже предвидените настапи во Битола, Охрид и Дојран. Влезниците може да се вратат во продажните места каде што се купени со приложување на фискалната сметка. Во рамки на летната турнеја Каролина требаше да одржи концерти во античките театри во Битола (24 и 26 јули) и Охрид (25 јули) и за првпат, во Дојран (Градски парк “Стар Дојран”, 2 август). На концертите се очекуваше над 10.000 публика, а промоцијата на албумот “Македонско девојче 2″ требаше да продолжи наесен и во сите земји од просторите на бивша Југославија.

“Оние кои купиле онлајн билети треба да испратат мејл на contact@kupikartizase.com со бројот на ваучерот и датумот на извршената трансакција”, велат од “Купи карти за се”.

 

 

По повод откажувањето на концертната турнеја, поп пејачката совесно и фер се обрати до своите пријатели на социјалните мрежи, при што напиша:

 

 

 

Дали и кога ќе се случат најавуваните концерти низ Македонија, во моментов не ни е важно. Тимот на ТВ Пакет изразува сочувство до семејството на Даниел, до цела Авалон продукција и до Каролина за прераната загуба на еден голем човек.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Биба Додева со нова верзија на „Скопје“ од Леб и Сол

Биба Додева со нова верзија на познатата „Скопје“ од легендарните Леб и Сол, дело на …