Почетна / Телевизија / Х Фактор / Започна генералната проба за вечерашниот „Х Фактор“

Започна генералната проба за вечерашниот „Х Фактор“

 

Генералната проба за вечерашното спектакуларно шоу започна токму во овие моменти. Со почеток во 21 часот на Сител во живо вечерва ќе се одржи втората елиминација на „Х Фактор“, судејќи според минатата емисија, не очекува вечер полна забава и возбудливи моменти.

 

 

Преостанатите кандидати цела недела вежбаа со своите ментори, а колку добро се подготвиле и како ќе и се претстават на публиката, ќе видиме вечерва. Минатиот пат, на првите настапи во живо, излезе Младен Лукиќ, кој важеше за голем фаворит за победа. Со самото тоа се докажа дека ова шоу е сосема непредвидливо и може да се случи и најнеочекуваното.

Вечерва со свои настапи ќе ги видиме кандидатите на Кики – Тамара Милановиќ, Илма Карахмет и Александра Брковиќ, кандидатите на Емина – Алекса Перовиќ, Харис Чато и Лукијан Ивановиќ. Жељко Јоксимовиќ моментално има само двајца кандидати – нашиот Даниел Кајмакоски и Маја Новаковиќ. Трите бендови, под менторство на Кристина, исто така вечерва ќе се претстават со свои настапи – групата Доктори, бендот во кој е и Фифи, H2O, како и женската група 4U.

Кандидатите кои не успеаја да отидат понатаму, во настапите во живо, имаа уште една шанса. Публиката гласаше за својот фаворит, а во вечерашното шоу ќе дознаеме кој ќе има најмногу среќа и единствена шанса да учествува во финалните настапи на Х-фактор. Вечерва на Сител телевизија веднаш по „Судбината на Фатмаѓул“.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …