Почетна / Забава / Евровизија / Есма се „начукала“ пред настапот во Амстердам?

Есма се „начукала“ пред настапот во Амстердам?

 

Сигурни сме дека кралицата на ромската музика Есма Реџепова не си дозволила да внесе алкохол во себе пред промоција на евровизиската песна во Амстердам, но рака на срце така делуваше. Имено, ова беше прв настап на македонската евровизиска песна пред европската публика. Песната беше претставена на англиски јазик под името „If I could change the world“. Влатко го отпеа својот дел како славеј, англискиот јазик му лежи особено добро, но кога дојде редот на Есма таа „рикна“!

 

 

Причините засега се непознати. Пејачката којашто буквално цел живот „грми“ на сцената, тогаш кога требаше „рикна“. Звучи како продупчен звучник подесен на максимална јачина. Кутриот Влатко пропадна во земја од срам. Еден коментар на евровизиски фан од Велика Британија поставен под настапот гласи вака: „Тука сум да и се смеам на дебелата пијана жена“.

 

Сепак овациите и аплаузот од евровизиските фанови не беа за потценување. Европската публика очигледно ги обожува Есма и Лозано, а тоа е најважно. Во прилог е настапот.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …

error: Содржината е заштитена!