Почетна / МК Сцена / Елена го промовираше својот трет музички албум „Без шминка“

Елена го промовираше својот трет музички албум „Без шминка“

 

Нова музичка приказна за Елена, без шминка

 

 

По 9 години од издавањето на вториот албум, овој период македонската пејачка ѕвезда Елена Ристеска го издаде третиот и најнов албум “Без шминка”. Албумот најпрвин беше претставен во поголемите трговски центри во Скопје, каде Елена делеше ЦДиња и се дружеше со своите најмали и најмили фанови. Официјално пак пред колегите, медиумите и соработниците беше претставен во “Станица 26”.

 

 

Меѓу присутните на промоцијата беа Тамара Тодевска, Каролина Гочева, Панчо ДНК, Некст Тајм, актерката Весна Петрушевска, Иво Јанкоски, стилистот Дадар, водителката Ирена Спировска, композиторот Лазар Цветковски, Дарко Димитров, Роберт Билбилов, Наташа Малинкова, Зоран Џорлев, Гаро Тавитијан и други.

 

 

Се работи за албум кој содржи 13 комбинации, од кои пет нови, а останатиот дел се добропознати рефрени за нас, публиката. На албумот може да се најдат песните како : А можевме, Не лажи ме, Сакам по добро да те памтам. додека пак новата емотивна балада “Без шминка” за многумина е она што го опишува најдобро албумот, албум полн со бура на емоции и животни приказни.

 

 

За најголем дел песните во авторскиот тим на албумот стојат имињата на Дарко Димитров, Лазар Цветковски, Александра Милутиновиќ и самата Елена. Заедно со промоцијата во познатиот скопски клуб беше прикажана и “Ретроспективна изложба” со Елена.

 

 

По завршување на промоцијата, пејачката на социјалните мрежи се обрати до сите оние кои искрено ја поддржаа и дојдоа на нејзината промоција.

 

 

Тимот на ТВ Пакет секогаш има и ќе има простор само за најдобрите. Затоа и посакуваме голем успех на Елена со новиот албум кој без сомнение ќе ја одбележи новата 2016 година.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара го изостави името на земјата : Честит празник, татковино моја!

Порталот Република пишува за честитката на поп пејачката Тодевска по повод денешниот празник – денот …