Почетна / Живот / Дуле ќе биде погребан утре во родниот Штип

Дуле ќе биде погребан утре во родниот Штип

 

Како што веќе објавивме, македонскиот пејач Душан Љубисављевиќ познат како Дуле од дуото „Дуле и Коки“, почина доцна синоќа. Граѓаните на Македонија се шокирани од оваа тажна вест која ја примија со неверување. За фановите Дуле беше човек којшто знае како да направи весела атмосфера, односно мајстор на живите свирки.

 

 

Според наши извори, тој ја загубил битката што ја водел последниве месеци против ракот на црниот дроб, за која знаеле само најблиските, а некои медиуми пишуваат и дека имал проблеми со срцето.

 

 

Штипјаните Дуле и Коки уште во студентските денови формираа дуо и со своите големи хитови и денеска се актуелни на сите живи свирки.

Пејачот ќе биде погребан утре во родниот град Штип.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промоција на „Danse Macabre“, книга раскази на Тина Иванова

На 22 мај (четврток), со почеток во 19 часот, во „Котур Кафе“ ќе се одржи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!