Почетна / Живот / Донирајте во ХО клуб за болниците од К. Центар!

Донирајте во ХО клуб за болниците од К. Центар!

 

XО клуб во соработка со Сојузот на студенти по медицина на Македонија, заедно со студентскиот парламент на Медицински Факултет и студентскиот парламент на УКИМ за утревечер (четврток, 13-ти февруари) најавуваат хуманитарна забава за болничките одделенија при клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.

 

 

Присутните на забавата, со секоја купена карта, ќе донираат 50 денари со цел собирање парични средства што ќе бидат употребени за снабдување на одредени болнички одделенија со нови перници, ќебиња, чаршафи и други материјали што се потребни за подобра нега и грижа на пациентите.

Менаџерскиот тим на ХО клуб најавува одржување на вакви хуманитарни забави секој прв четврток во месецот. Утревечер, забавата ќе започне во 23 часот, а влезниците преку кои ќе се донира за болниците ќе чинат 50 денари.

ХО клуб, за Х можности!

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Демант на текст објавен во врска со вработувања во Филхармонија

Во прилог целосен демант од Филхармонија по повод веста која беше објавена во некои портали: …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!