Почетна / Серии / Дознајте кои серии ќе ги прикажува МТВ ова лето

Дознајте кои серии ќе ги прикажува МТВ ова лето

 

Голем дел од популарните американски серии како “Озборувачка”, “Менталист”, “Фринџ”, “Натприродно” беа прикажани на МТВ во две три сезони, а за нивно евентуално продолжување на програмата на МТВ со сигурност не можеме да ве информираме.

Но затоа пак, ова лето МТВ ќе дава сосема нови мини серии, дел американски, дел британски. Голем дел од нив со снимање започнале оваа, 2014 година, па така снимањето се уште не е завршено.

Oна што конечно ќе го дочека својот крај е историската серија Спартак. Ова лето, МТВ 1 ќе ја прикаже последната, трета сезона таканаречена Spartacus: War of the Damned. Што ќе се случи со носителот на дождот, со убиецот на Теоклес, со шампионот на Капуа, што ќе се случи на крајот со вашиот омилен Спартак? Во улогата на непобедливиот роб и оваа сезона ќе го гледаме австралискиот глумец Лијам Мекинтаер.

 

Историските серии не завршуваат со Спартак. Следува уште една магична приказна за “Белата кралица”, снимена во 10 епизоди. Оваа фантастична приказна е базирана на романот “The White Queen, The Red Queen and The Kingmaker’s Daughter” на авторката Филипа Грегори. Серијата зборува за една млада жена, вплеткана во борбата за тронот на Англија, во борбата помеѓу две фамилии, Ланчестер и Јорк.

“Црните пирати” е авантуристичка серија од која е снимена само една сезона, а снимањето на втората сезона се очекува дури за следната година. Пиратски живот, борба за острови и богатства и голема љубов не очекува во првата сезона на “Black sails”.

 

Ексклузивно ве информираме и за уште две мини серии кои ќе одат ова лето. Се работи за спортската драма “Фати го ритамот” и акционата драма “Моќ”. “Фати го ритамот” зборува за Еша, млада девојка која станува дел од НБА навивачкиот тим, но одеднаш се соочува со многу љубомора, многу љубов, но и семејни тајни и сплетки.

Покрај овие мини серии снимени 2013-2014 година, доаѓа и една постара семејна серија во 65 продолженија. Се работи за “Диви во срцето” (Wild at heart), снимена во 1990 година која ни ги прикажува авантурите на ветеринарот Дени кој заедно со трите деца и новата сопруга, тргнува во Африка каде треба да му обезбеди живот на мајмунчето кое е нивно домашно милениче. На мајмунчето му годи африканската наместо британската клима, па така целото семејство доаѓа во Африка каде почнува не само да живее, туку и да се занимава со туризам во дивините на црниот континент.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжението на „Life on Mars“ за викенд крими акција на Нова С

Секоја сабота и недела на кабловската Нова С го следите продолжението на познатата британска серија …